ФОТО: Зошто Челзи поради Србинот Ивановиќ прави невиден преседан!

Ивановиќ на 22 фебруари наполни 31 година, а Мурињо одлучи да направи преседан, поради тоа што на Србинот му понуди дури четиригодишен договор.

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо, планира да му понуди повеќегодишен договор на Србинот Ивановиќ. Медиумите на „островот“ наведуваат дека капитенот на „орлите“ е еден од омилените фудбалери, а поради Ивановиќ, Португалецот е подготвен да направи невиден преседан и да прекрши некое клубско правило. Според тоа правило, а тоа било пракса до сега, Челзи на фудбалерите кога ќе наполнат повеќе од 30 години кога ќе им прекине договорот, им нудат продолжување на соработката на само една година.

 

Ivanović je 22. februara napunio 31 godinu, a Murinjo je odlučio da napravi presedan, pošto srpskom fudbaleru nudi čak četvorogodišnji ugovor.

Србинот наводно добил понуда да го продолжи договорот со Челзи до јуни 2016 по кој неделно би заработувал и по 90.000 фунти. Но, Мурињо смета дека Србинот би требало да добие договор на четири години.
Англиските медиуми наведуваат дека ваков момент претходно немаа ниту легендите од клубот како што беа Френк Лампард и Џон Тери.

Ивановиќ во Челзи стигна во 2008 година од Локомотива, за девет милиони фунти. Тој за Челзи одигра 304 меча и постигна 31 гол во сите натпреварувања. Со Челзи ја освои титулата во Премиер Лигата и три во ФА купот Лига Куп, Коминути Шилд, Лигата на Шампиони и Лига Европа.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега