Зошто Galaxy S6 e подобар од iPhone6?

Јужнокорејскиот производител на паметни телефони „Самсунг“, се обиде да го диференцира новиот модел Galaxy S6 од пазарот на паметни телефони и особено од нејзиниот главен конкурент „iPhone 6“.

Освен со употребата на висококвалитетни материјали за производство на истиот, од компанијата посветуваат сериозно внимание и на тоа да додадат карактеристикикои конкурентите не ги поседуваат.

Десет карактеристики на новите модели „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Edge“ , со кои нивниот главен конкурент „iPhone 6“ не може да се пофали,  според весникот „Business Insider“ :

1. Може да се врши плаќање насекаде, има читачи за кредитни картички со користење на „Samsung Pay“. За споредба, плаќања со „Apple Pay“ можат да се вршат само кај уреди кои имаат NFC (near, field communication).

2. Новите модели можат да се полнат безжично, за разлика од „iPhone 6“.

3. Двата нови модели можат да се полнат многу брзо. Моделите „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Edge“, за само 10 минути, може да се наполнат за работа до четири часа.

4. Во моделот „Galaxy S6 Edge“ секој контакт може да се поврзува со одредена боја, во која да свети страничниот дисплеј, кога има повик.

5. Камерите на двата модели, можат да се наполнат многу брзо, само со двојно притискање на почетното копче.

6. Камерата на моделот „Galaxy S6“ може да следи предмет во движење за подобро фокусирани фотографии.

7. Новите модели на „Самсунг“, доаѓаат со инсталиран Smart Manager, апликација која овозможува расчистување на апликациите од екранот со едно притискање.

8. Повеќето уреди на „Самсунг“, вклучувајќи ги и новите модели „Galaxy“, овозможуваат истовремена работа со повеќе од една апликација на екранот.

9. Двата модели доаѓаат со инсталирана апликација за мерење на срцевиот ритам.

10. Новиот модел „Galaxy S6 Edge“ дава можност да се гледа времето , дури и кога екранот е неактивен

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега