ВИДЕО: Еве доказ дека спортот не познава граници

Спортот не познава граници, а тоа го покажа младиот средношколец Зак Англин, кој успешно се натпреварува во борење.

Тој е роден со инвалидитет, односно без стапала и без раце до лакти, но тоа не го спречило да се занимава со спорт.

 

Англин оди во средното училиште Бејфилд, а на државниот шампионат  на Висконсин во борење го освои шестото место во конкуренција до 43,4 килограми.

Меѓутоа, Зак ги освои срцата на публиката која навиваше за него.

 

-Ова беше интересно патување и навистина сум благословен што имам такви тренери кои очекуваат многу од мене. Тие ми посветуваат големо внимание за да ја одржат страста за овој спорт која ја има во мене. Имам одличен тим и одличен тимски дух, изјавил Англин за „Дејли прес“.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега