ПСЖ и Сити имаат пари, можат да го купат Меси

Новиот спортски директор на Барселона Ариедо Брајда денеска изјави дека постои можност Лионел Меси на лето го напушти каталонскиот клуб.

- Манчестер Сити и ПСЖ имаат многу пари и може да се случи Меси да отиде во еден од ови два клуба. Иако, тешко можам да го замислам во друг дрес, чудни нешта се случуваат. Тој е феномен, играч од калибарот на Пеле и Марадона, рече Брајда за телевизијата „Е спорт“.

Шпанските медиуми претходно шпекулираа дека Меси може да ја напушти Барселона, како и тоа дека за неговиот ангажман Челзи ПСЖ и Сити се подготвени да платат 250 милиони евра.

Исто така, ниту самиот Меси на новинарски прашања не можеше да потврди дали и во следната сезона ќе игра во дресот на Барселона.

Аргентинскиот напаѓач целата кариера ја помина во Барселона, клуб со кој освои шест титули во Примера, три во Лигата на шампионите, две во шпанскиот Куп, шест во шпанскиот Супер куп, два во УЕФА Супер Куп и две светски клупски првенства.

На досега одиграните 463 натпревари за Барселона постигна 395 голови.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега