Ибрахимовиќ: Црвениот картон го добив по плачот на бебињата

Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ по само триесет минути поминати на теренот го заврши реванш осминафиналниот дуел со Челзи, а вината за неговото исклучување ја гледа и кај судијата и кај противничките фудбалери кои ги нарече бебиња.

- Најлошото нешто по црвениот картон на овој дуел беа играчите на Челси. Тие плачеа кај судијата како мали бебиња, го влечеа и го молеа да ме исклучи. Беа баш како мали деца, неверојатно, изјави Швеѓанецот.

Тој додаде дека кога видел што го чека бил во дилема како да реагира.

- Не знаев дали да бидам бесен или да се смеам. Кога го видов подигнатиот црвен картон си помислив „овој човек не знае што прави“, рече Ибрахимовиќ.

Неговиот тим и со фудбалер помалку успеа да го елиминира Челзи играјќи 2:2 по продолжение.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега