Фарски Острови и Танзанија пред Македонија на ФИФА листата

ФИФА денеска ја објави најновата ранкинг листа, а македонската репрезентација продолжува да тоне.

Во мартовското рангирање македонската сениорска фудбалска репрезентација се најде на 108-то место на ФИФА листата, што претставува пад за четири позиции во однос на февруарската листа.

Македонската репрезентација со 308 бодови се наоѓа зад фудбалски анонимци како што се Танзанија (100), Етиопија (102), Фарски Острови (105), Боцвана (106), Доминиканска Република (107). Ова секако е еден од најлошите пласмани на нашата репрезентација.

 

fifa-lista-500

 

Од репрезентациите кои се наоѓаат во нашата квалификациска група за ЕП 2016-та, единствено Луксембург е послабо пласиран и се наоѓа на 136-то место. Белорусија е 98-ма, Украина е 31.репрезентација во светот, Словачка 22., а Шпанија е на 11-тото место.

Што се однесува до врвот, Германија и натаму е лидер, следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Уругвај, а првата десетка ја заокружува Италија.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега