Алтахус со повреда на носот ќе биде во тимот на ЖРК Вардар против Динамо

На синоќешниот натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Металург, пивотот на „црвено-црните“ Ања Атхаус при еден дуел со Белевска заработи удар во носот.

На дуелот со Андреа Белевска, во 20 минута од натпреварот пивотменот на Вардар доби незгоден удар во носот, и веднаш замина на преглед.

Лекарскиот тим прави напори за целосно да ја оспособи за саботниот натпревар од ЛШ, против Динамо, а сигурно е дека Ања ќе биде во составот за последниот меч од Главната фаза на Лигата на шампионите, информираат од ЖРК Вардар.

Вардар го победи Металург со 31-22, и ова беше 12 победа на нашиот тим во домашното првенство сезонава, и е првопласиран со 36 бода.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега