Нов договор и 100 милиони евра за Мурињо

Жозе Мурињо последен пат во осминафиналето во ЛШ е елиминиран во 2009-та со Интер.

Сепак, една сезона подоцна, со истиот тим ја покори Европа и воедно успеа да ја освои тројната круна.

Доколку сте мислеле дека неговата позиција во Челзи по елиминацијата од ПСЖ е раздрмана, се лажете. Англиските медиуми пишуваат дека Абрамович подготвува нов договор за Мурињо и 100 милиони евра кои ќе му ги стави на располагање за трансфери во летниот преоден рок.

 

Португалецот веќе ги одредил освежувањата во одбраната и нападот. За посилен тим потребен му е нов стопер и квалитетен напаѓач.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега