ФОТО: Доделени трофеи за најдобрите фудбалери во Ѓорче Петров

Екипата на О.У. „Тихомир Милошевски" беше најуспешна во натпреварите во мал фудбал за VII одделенци и помали, од општинската лига во Ѓорче Петров што ја организираше општинскиот сојуз на училишен спорт Ѓорче Петров, а под покровителство на општината.

Второпласирана беше екипата на О.У. „Страшо Пинџур" , а третото место му припадна на тимот на О.У. „ Мирче Ацев".                          

Натпреварите се одржаа во спортската сала „Христо Батанџиев" , а медалите на најуспешните екипи ги додели  градоначалникот Сокол Митровски, кој е секогаш  присутен на  спортските натпревари од овој вид.                                      

Градоначалникот Митровски не го криеше задоволството што младите секојдневно докажуваат дека го негуваат спортот во општината и воедно, истакна дека на ваквите натпревари младите се научени да ги трпат  и поразите и победите кои ги носи спортот

-Годинава , општината го зголеми процентот на застапеност на учениците за повеќе од 35% кои учествуваат во училишниот спорт со формирање на лиги за ученици на возраст до деветто одделение и помали и како втори паралелни лиги за ученици од VII oдделение и помали со што стануваме општина која прва ги имплементира стандардите од светкста федерација на училишен спорт,  рече градоначалникот  Митровски.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега