Голманот на Барселона за да не добие црвен падна во несвест

Досега сме виделе голем број на тактики со кои играчите, по направениот прекршок, најчесто неуспешно, се обидувале некако да се спасат од тоа да добијат жолт или пак црвен картон.

Сепак, до сега никој не глумел дека е во несвест со цел да ја избегне санкцијата од главниот судија, санкција која по неговиот старт која беше направена далеку од својот гол, и по што беше јасно дека нема да помине само со жолт картон. Ова му се случи на чуварот на мрежата на еквадорската Барселона, Максимо Банера.

 

Тој глумеше дека е во несвест по контактот кој самиот го иницираше со еден од играчите на Атлеткико Насионал, но по неговото длабоко дишење, јасно беше дека Бангера не е во критична состојба. Штом до него дојде лекарскиот тим тој наеднаш се „освести“, а судијата не чекаше многу пред да го прати во соблекувалната.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега