ЖРК Вардар брка победа за крај на главната фаза од Лигата на шампионите

Ракометарките на ЖРК Вардар против Динамо од Волгоград ќе ја завршат главната фаза од Лигата на шампионите, а победата е посакуваниот исход за крај на натпреварот. Дуелот против ривалот од Русија се игра вечерва од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

По двете сигурни победи на домашен терен тренерот Индира Кастратовиќ очекува уште една победа што би претставувало добра основа во пресрет на четвртфиналето.

- Се надевам дека изданието со Лајпциг и со Крим ќе го повториме. Најважно е да победиме, а потоа ќе мислиме и на разликата. За да стигнеме до триумф потребна е максимална концентрација во одбраната бидејќи така се стигнува до победите, изјави Кастратовиќ.

За „вардарки“ постои и шанса за второто место во групата, но потребна е висока победа (девет голови и повеќе) и Турингер да не победи во дуелот на германските екипи со Лајпциг.

Покрај дуелот Вардар – Динамо од групата 1 утре ќе играат: Турингер – Лајпциг и Будуќност – Крим.

Табела: Будуќност 17 бодови, Динамо 11, ЖРК Вардар 9, Турингер 9, Лајпциг 6, Крим 2.

Во групата 2 денеска играат Ларвик – Савехоф, а утре се дуелите: Мец – Ѓер и Баја Маре – Виборг.

Табела: Ларвик 18, Ѓер 14, Виборг 7, Баја Маре 6, Мец 6, Савехоф 3.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега