Ето не можел да купи часовник затоа што е црнец!

Самуел Ето сакал во Лондон да купи часовник вреден 15.000 долари, но во тоа го спречила продавачката, само затоа што е црнец.

Ето, кој минатата сезона играше за Челзи, изјави дека неговото купување со платежна картичка било одбиено поради предрасуди.

-Ја прашав продавачката, која исто така беше црномуреста како јас, дали може да ми го покаже часовникот. Најнапред, видов дека се сврте кон колешките и со погледот како да сакаше да каже „Ух, што да правам сега?“. Сепак, ми дозволи да го погледнам часовникот, а јас го земав и реков дека ќе го купам. Ја извадив кредитната картичка, таа ја провлече низ апаратчето и ми рече дека е одбиена. Ја прашав дали е одбиена или тие не сакаат да ја прифатат, бидејќи такво нешто ми се случило неколку пати,  а продавачката ми одговори дека е одбиена, ја објасни Ето ситуацијата во Лондон.

Братот на напаѓачот зборува многу подобро англиски од него, па решил да се вклучи во конверзацијата.-

-Мојот брат може да си приушти да го купи часовникот и начинот на кој вие го третирате покажува дека замо затоа што е црн не може да го купи, рекол помладиот брат на Ето.

eto2-500

Камерунскиот напаѓач навел дека девојката во продавницата изјавила дека била свесна за неговиот брат и за него  и додала дека неколку дена претходно во продавницата влегла група Нигеријци со лажни кредитни картички.

-Ако еден од нас направи грешка, сите не осудуваат. Дали тоа значи дека доколку утре бел човек направи грешка во Африка, треба сите да ги осудуваме?Не!, додал 34-годишниот фудбалер.

Инаку, Ето е еден од најатрактивните спортисти во светот во борбата против расизмот, а пред неколку дена доби награда за големиот придонес во таа борба, Европски медал на толеранцијата, кој му го додели невладината организација Европски сојуз за толеранција и помирување.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега