УЕФА околу Златан на 19-ти март

Дисциплинската комисија на УЕФА на 19-ти март ќе ја разгледува суспензијата за играчот на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ.

Комисијата ќе разгледува дали шведскиот фудбалски репрезентативец покрај суспенизјата за еден меч, ќе има и продолжена казна.

Челзи и Пари Сен Жермен во Лондон одиграа нерешено со 2:2 во реваншот од осминфиналето од Лигата на шампионите.

ПСЖ по продолжетокот ги елиминираше „сините“ иако од 31-та минута во реваншот имаше играч помалку, поради директниот црвен картон на Ибрахимовиќ.

Тренерот Жозе Мурињо по мечот рече дека Златан немал зла намера и дека Швеѓанецот би требало да добие дозвола и да игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега