Кастратовиќ: Мора да ги намалите техничките грешки

На прес-конференцијата по натпреварот со Динамо, тренерот на Вардар, Индира Кастратовиќ рече дека тимот во серија прави многу технички грешки, кои мора да се намалат.

- Следниот ривал Ѓер ќе знае да ги казни нашите грешки, па затоа ќе мора да се има поголема концентрација во играта. Ги има многу, веќе трет меч, и тоа не смее да си ги дозволиме. Сега секоја техничка грешка скапо ќе не чини со Ѓер, изјави Кастратовиќ.

Таа потенцира дека најважно од синоќешната победа (28:27) се освоените два бода и потврденото трето место во групата.

- Двата бода се битни. Ние сме на трета позиција. Морам да кажам дека ракометарките не го испочитуваа договореното, како како да играме во одбрана. Се договаравме да имаме трпение во напад и така почнавме, но силната желба за поголем резултат доведе до тоа да биде доведена во прашање и победата. Не смееме тоа да го дозлволиме. Сега имаме три недели да се подготвиме за Ѓер, додава Кастратовиќ.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега