Бекеле се откажа од Лондонскиот маратон

Легендарниот етиопски атлетичар Кенениса Бекеле нема да трча на овогодинишниот маратон во Лондон поради повреда на ахиловата тетива.

Бекеле ќе одмора по настапот во јануари на маратонот кој се одржа во Дубаи.

„Желба ми е да трчам во Лондон“, вели олимпискиот и светски рекордер на 5 и на 10 илјади метри.

Како и да е ќе треба подобро да се подготвувам за следните натпреварувања“, додава искусниот атлетичар.

Маратонот во Лондон ќе се одржи на 26-ти април, а учеството ќе го збогатат актуелниот рекордер Денис Кимето од Кенија и бранителот на победничкиот наслов, Вилсон Кипсанг.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега