Олимписки игри 2016: Фудбалот повторно во Амазонија

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри 2016 ќе се игра на седум стадиони во шест бразилски градови, меѓу кои и Манаус.

Покрај престолнината Амазонија домаќини ќе бидат уште и Рио де Женеиро, Бело Хоризонте, Бразилија, Салвадор и Сао Паоло.

ФИФА минатата недела соопшти дека е против изборот Манаус за еден од домаќините на фудбалските натпревари на Олимписките игри.

Како причина за тоа наведе дека тој град од Рио де Жанеиро, домаќинот на игрите, е одалечен 3 000 километри.

Овие градови беа домаќини на Светското првенство кое што беше одржано во Бразил.

На Олимпијадата 2016 ќе се натпреваруваат 16 репрезентации во машка и 12 во женска конкуренција.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега