ВИДЕО: Ливерпул победи на гостувањето кај Свонси
Фудбалерите на Ливерпул со три бода се враќаат од гостувањето кај Свонси откако синоќа на последниот натпревар од 29.коло остварија победа од 1:0.
Во лошото прво полувреме на „црвените“ голманот на Ливерпул Симон Мињоле успеа да одбрани неколку удари на домашните.
Во вториот дел Ливерпул беше подобар ривал и во 68.минута со голот на Џордан Хендерсон ја обезбеди петтата победа во серија.
Ливерпул со трите бодови се зацврсти на петтото место, додека Свонси остана на деветтото место.
Табела: Челзи 64 бодови, Манчестер Сити 58, Арсенал 57, Манчестер Јунајтед 56, Ливерпул 54, Саутемптон 50, Тотенхем 50...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа