Пет поени на Антиќ во победата на Атланта над Сакраменто

Македонскиот центар Перо Антиќ постигна пет поени за Атланта во победата над Сакраменто од 110:103.

До победата против Сакраменто, Атланта стигна благодарејќи пред се на одличната игра на Пол Милсап кој забележа дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови, а имаше солидна помош од Џеф Тиг со 23 поени и 6 успешни додавања.

На Сакраменто не им помогна ниту дабл-дабл учинокот на Демаркус Казинс со 20 поени и 13 скокови, како ни солидната игра на Томпсон кој имаше 18 поени без промашување од игра.

Македонскиот центар Перо Антиќ во дресот на Атланта помина нешто повеќе од 16 минути на теренот и за тој период успеа да постигне пет поени.

НБА резултати:

Индијана – Торонто 98:117

Вашингтон – Портланд 105:97

Бостон – Филаделфија 108:89

Мемфис – Денвер 92:81

Мајами – Кливленд 106:82

Минесота – Бруклин 106:122

Далас – Оклахома 119:115

Јута – Шарлот 94:66

Сакраменто – Атланта 103:110

Голден Стејт – ЛА Лејкерс 108:105

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега