ВИДЕО: 120 години од „раѓањето“ на филмот

На денешен ден пред 120 години точно на 19 март 1895 година браќата Луј и Огист Лимиер го снимиле првиот филм, означувајќи со тоа „раѓање“ на кинематографијата.

„Излегување на работници од фабрика“, прикажан три дена подоцна во Париз е првата филмска претстава во светот. Траела само неколку минути, а донела приход од 35 франци - од 35 луѓе кои платиле за цена на влезниците.

Во 1895 година Луј Лимиер контруирал кинематограф, камера која снимала, развивала и прикажувала филмови на големиот екран со што се означува почеток на создаваањето на филмската индустрија.

Во почетокот на 1896 година, браќата Лимиер го прикажаа „Влез на воз во станица“, филм кој имал 1.500 проекции ширум светот.

По повод 120 години од кинематографијата, во Гран Пале во Париз на 27 март ќе биде отворена голема изложба посветена на браќата Лимиер и притоа ќе биде за првпат прикажано целокупното нивно дело - вкупно 1.422 филма.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега