ПАМЕТЕН ЧАСОВНИК: Апликација го одбројува времето до смртта

Апликацијата „Лајф Клок“ наменета за новиот паметен часовник на „Епл“ го одборјува времето до смртта на корисникот.

Лајф Клок“ користи податоци за здравјето на корисникот и го проценува неговиот животен век, а потоа почнува да одбројува до смртта. Времето се зголемува кога корисникот вежба, а се намалува во ситуации, како кога корисникот спие многу малку време.

Апликацијата е разработена од компанијата „Рехабстудио“, а користи информации што ги презема од Епл алатката под име „ХелтКит“. Врз основа на добиените податоци и активностите на корисникот го одредува неговиот  животен век.

Иако, за некого апликацијата изгледа морбидна, нејзина цел е да го мотивира корисникот да биде повеќе активен и да води здрав живот.  Епл Воч на пазарот пристигнува во април годинава.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега