Тања Савиќ ужива со сопругот- одморот во Австралија ми е лек

Тања Савиќ заедно со сопругот Душан Јованчевиќ и синовите Максим и Ѓорге на почетокот на февруари решија и заминаа во Австралија.

 

За разлика од периодот кога се во Србија, каде се изложени на притисоците од јавноста, семејството во Австралија ужива во анонимноста.

 

-Се одморивме, ги наполнивме батериите и подготвени сме за нови работни потфати. Уживавме на плажите, а најмногу во аква парковите од кои беа воодушевени Марко и Ѓорге, вели Тања, признавајќи дека таа и сопругот конечно си се посветиле еден на друг.

-Бевме растеретени од притисокот кој е силен кога сме во Белград. Иако ја сакам работата со која се занимавам, морам да признаам дека микрофонот, сцената и јавниот живот воопшто не ми недостасуваат. Непосредно пред заминувањето мислев дека немам ниту еден атом сила. Бев скршена, ми беше потребен многу напор за да ги ускладам семејните обврски, да подготвам нови песни, учества на фестивали, настапи и шоуа. Си наметнав премногу обврски и во еден момент, народски кажано, почнав да пукам. Овој одмор во Австралија не мене дејствува како лек. Покрај тоа, најсреќна сум во близина на сопругот и децата. Ова е уште една потврда дека најдобрата одлука која сум ја донела е да се омажам за Душан и да му родам деца, изјавила Савиќ.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега