Кајмакоски испрати видео поздрав од Амстердам

Овој викенд, на 18ти април во Амстердам се одржа голем пред евровизиски настан: Eurovision in Concert, во организација на евровизиските фан клубови. На настанот учествуваа 24 евровизиски претставници, меѓу кои и нашиот претставник Даниел Кајмакоски.

 

Autumn Leaves за прв пат беше изведена пред публика од 1,500 фанови и доби одлични реакции за својата изведба. Интересот за нашиот претставник беше голем  за време на прес конференциите,  барање за интервјуа и изјави од страна на присутните новинари.

 

Настапот може да го погледнете на следниот линк:

Следниот битен закажан настан од евровизиската промо турнеја е во Москва на 24ти април. До тогаш Даниел Ве поздравува на свој начин од Амстердам:                                                                 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега