Не брзајте со ставање на кондомот

Според најновата студија спроведена на американскиот Центар за контрола и превенција на болести се испоставило дека пребрзото ставање на кондомот го зголемува ризикот од добивање на сексуално преносливи болести.

Утврдено е дека, доколку презервативот се става на брзина, може да дојде до негово пукање и кинење, или, ако не е добро наместен, да падне за време на односот.

Истражувањето траело од 2007 до 2011 година, а во него учествувале 512 мажи и жени, на возраст помеѓу 15 и 65 години, кои побарале помош на лекар заради некои венерични болести.

Правилното и редовното користење на кондом го намалува ризикот од инфекции како што се кламидија и гонореја кои се пренесуваат во влажна средина, и покрај тоа, намалена е и можноста за добивање на херпес, ХИВ и хуман папилома вирус.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега