Се плашам дека некој ќе го киднапира мојот син- шокантна исповед на Северина

Сексипилната хрватица Северина вчера наполни 43 години.

Како што вели пејачката многу е исплашена за сигурноста на нејзиниот син Александар. Него го следат некои чудни луѓе, па таа стравува дека е можно да го киднапираат.

-Веќе со месеци се носам со притисоците откако минатата година се откри дека преку адвокатско здружение се ангажирани некои чудни луѓе да го следат мојот малолетен син, а можеби и уште некои членови на моето семејство. На почетокот бев во шок, а подоцна само ми растеше траумата дека се возможни разни манипулации и разни интереси со кои може да се влијае на поединци од полицијата – вели Северина.

Таа сака само да дознае кои и зошто ја следи и зошто го снимаат нејзиното дете.

 

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега