ФОТО: Велика Британија на нозе – сите го очекуваат кралското бебе

Опремени со реквизити, знамиња, капи и балони, фанатичните обожаватели не сакаат да го пропуштат раѓањето на новото кралско бебе.

 

Веќе со денови дворот на болницата Линдо е преполн со Британци, кои со денови и ноќи седат таму во очекување на второто дете на принцот Вилијам и војвотката Кејт.

 

Фановите најмногу би сакале принц Џорџ да добие сестра, но сепак на кралското семејство му посакуваат здраво бебе, пред се.

Маргарет Тајлер (71) пред болницата го дочека и раѓањето на принц Џорџ во 2013 година и вели дека чекањето се исплатело.

 

- Принцот Џорџ сигурно би сакал да добие брат за да си играат фудбал.

Вилијам сигурно посакува ќерка и убаво би било и неговите желби да се остварат, рекла Маргарет.

 

 

Деновиве се очекува на свет да дојде второто кралско бебе, за кое се уште не се знае официјално дали е момче или девојче.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега