Бранко Коцкица заминува во пензија

Актерот Бранко Милиќевиќ, попознат како Бранко Коцкица, го прослави 69. роденден со колегите и децата кои дојдоа да ја погледнат претставата „Ивица и Марица“.

 

Тој ден се одбележани и 38 години од првата претстава изведена во театарот „Пуж“.

 

 

– Со претставата „Ивица и Марица“ тргнува серија претстави без Бранко. Мојата роденденска желба е „Пуж“ да продолжи да живее со младешки живот, зашто јас имаме веќе седум банки. Јас би одел во пензија. Ќе бидам и натаму шеф и ќе пишувам претстави, а ги повикувам младите актери да ни се јават за да направиме кастинг за оној кој ќе ме замени во претставите. Еден Бранко треба да го заменат двајца или тројца – се шегува Бранко Коцкица.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега