Цеца: Дома сите соработуваме и си помагаме

Балканската дива Цеца Ражнатовиќ присуствувала на модна ревија на која од првите седишта со внимание ја следела колекцијата на машка гардероба, и како што вели бирала работи за нејзиниот син.

-Децата се консултираат со мене, но и јас со нив. Во куќата сите соработуваме. И Вељко сака секогаш одлично да изгледа, па и тој ми дава сугестии, рекла пејачката.

Кога е во прашање начинот на кој се бира гардеробата, пејачката рекла:

-Секогаш се трудам да ги носам работите, а не тие мене. Не е важно дали е тоа некој бренд или не, важно е да стои добро на мене. Фармерките не можат да имаат харизма, а човекот може.

Пејачката  открила дека чевлите и се слаба точка и дека никогаш не и е доста од нив.

-Секогаш ми фалат и секогаш ги немам тие. Можат да ми испаѓаат од полицата, но јас секогаш ќе најдам уште некој модел кој би сакала да си го купам, изјавила таа.

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега