ВИДЕО: Танчарка има 173 килограми, а танцува беспрекорно

Витни Тор некогаш била згодна девојка која се занимавала со танц, но поради здравствени проблеми морала да зема терапија на која се должат неверојатните 100 килограми вишок. Сепак таа продолжила да се занимава со танц!

Во моментов Витни е главен актер во ријалити серијата „Мојот преубав живот со вишок на килограми“. Витни си поставила за цел да им помага на луѓето со вишок на килограми да се прифатат такви какви што се, и да ги урнат менталните бариери кои ги кочат да имаат среќен живот.

1vitni.jpg500

- Несигурноста која некоја личност ја носи во себе нема врска со физичкиот изглед. Тоа е работа на перцепција. Додека бев слаба, бев многу несигурна во себе, како и сега кога имам 100 килограми вишок. Сепак, со вакво тело најдов среќа во други нешта - вели Витни во интервју на кое беше најавена новата серија која од месец мај ќе се прикажува на TLC.

Витни е среќна што изгледа како што се чувствува - среќна девојка која го сака животот и себеси. 

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега