Да бев дилер на дрога, немаше да јадам шамари и клоци- збесна македонскиот пејач

Популарниот македонски пејач Димитар Андоновски изминативе денови преживува вистински пекол. Димитар бил нападнат од страна на битолската полиција и брутално претепан, а според неговите кажувања причина за тоа - немало!

-Денес по втор пат бев приведен како најголем криминалец од полицијата во Битола и тоа пред мојата зграда. Да сум криминалец, да сум дилер на дрога, да сум човек кој го прекршува заокот, да сум најголем непријател на земјата, немаше да ги јадам шамарите и клоците по половите органи на улица до страна на инспектор Црномаров. Приведен бев, заради наводно противење на полицијата откако не извадија од колата како најголеми криминалци. Противење е ако прашам што се случува и зошто добив шамар? Да се потсетиме дека еднаш бев приведен заради немање на лична карта. Јасно се искажаа останатите дека ова е освета заради мојата храброст што пишував првиот пат кога ме приведоа...", Ова е само дел од статусот на пејачот кој е видно револтиран поради ваквото однесување.

Во моментов пејачот го деактивирал својот Фејсбук профил.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега