Куче возело трактор на автопат

Куче предизвикало метеж на пат во близина на шкотскиот град Абингтон поради управување со трактор.

Фармерот Том Хамилтон бил на фармата со своето куче Дон. Хамилтон само на неколку минути го оставил сам миленикот во тракторот за да спречи едно јагне да не ја прескокне оградата. Но Дон тоа го искористил.

Се наведнал над воланот и тргнал со тракторот. Возилото се движело низ брдото, преку  нивите и излегол на патот.

- На патот М74 кучето ја презеде контролата над тракторот...Не, не е шега. Фармерот и полицијата се на местото на инцидентот, напиша на Твитер транспортната служба на Шкотска.

Тракторот бил запрен пред да причини голема штета.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега