ФОТО+ВИДЕО: Се чекаше ред за автограм од Кајмакоски!

Мојата прва посета во Москва е незаборавна. Импресионирам сум од убавината на градот и историјата. Вечерва, за време на гала настанот го почувствував евровизискиот гламур, заедно со останатите учесници кога се појавивме на црвениот тепих. Најголемото изненадување за мене беше да видам толку нови фанови кои веќе ме препознаваа и сакаат да се приклучат на нашиот фан клуб, изјави Даниел Кајмакоски изутринава пред да замине од Москва.

Гала вечерта се одржа во Карлстон хотел, Москва, со почеток од 20.00 часот. Пред гала вечерта следеа активности како, прес конференции, интервјуа, организирано дружење со фанови во трговскиот центар Афи и посета на Црвениот плоштад во Москва.

Настапија претставниците на уште девет земји учеснички и познати пејачи и групи кои веќе настапувале на „Евросонг“ како сестрите Толмачев од Русија и „Здоб ши Здуб“ од Молдавија.

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега