Брус Џенер јавно потврди: Станувам жена

Поранешниот олимписки првак и член на семејството Кардашијан, Брус Џенер стави точкан а повеќемесечните шпекулации со тоа што даде ексклузивно интервју на телевизија и призна дека се смета за жена и дека е во фаза на транзиција од машки во женски пол.

Во секоја смисла сум жена. Луѓето ме перципираат поинаку, мислат дека сум мачо маж, но оваа женска страна сум всушност јас, иако генетски не сум роден така, признал тој.

За време на интервјуто тој кажал дека повеќе би сакал да му се обраќаат во машки род, па новинарката му се обраќала со Брус. Додал дека веќе година и половина прима хормонска терапија, но дека се уште не одлучил дали сака целосно да го отстрани половиот орган. Од приватни причини одбил да каже на кое женско име ќе се одзива во иднина.

Брус Џенер се појави во повеќе од 400 епизоди од реалното шоу на семејството Кардашијан во изминативе осум години. Признал дека тајната постојано го јадела одвнатре.

Вистина е дека никој од семејството не знаеше за тоа како се чувствувам и дека оваа голема работа ја криев со години, изјавил тој.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега