Во кои години жените се најдобри во сексот?

Многу жени мислат дека кога ќе ја поминат триесеттата, ја губат сексуалната моќ. Меѓутоа, дури тогаш стануваат зрели за вистински сексуални авантури.

Можеби мислите дека „младото е подобро“, но жените во триесеттите, докажано се подобри во сексот од помладите девојки. Еве зошто е тоа така.

Прифаќање на сопственото тело

Откако во дваесеттите секој ден стоеле пред огледало и се нервирале околу изгледот, жените во триесеттите стануваат посвесни за своите квалитети, па полесно се помируваат со физичките недостатоци. Слабите манекенки и модели од магазините престануваат да бидат мерило за убавина, па секоја жена подобро се чувствува во сопствената кожа.

Сексуална моќ

Просечна жена до триесеттата година веќе веројатно променила неколку сексуални партнери и се запознала со своите навики и желби во кревет. Знаејќи што може најдобро да ја задоволи, лесно ги изнесува потребите и фантазиите и не се плаши да ги побара за време на интимните моменти. Исто така, ги цени своите љубовни вештини и со задоволство ги користи.

Хемија

Со оглед на тоа што веќе нема нереални очекувања од своето тело, жената сама се чувствува сексуално привлечно. А тоа, секако, влијае врз нејзината сексуална самодоверба.

Комуникација

После години читање за сексуалноста низ статии и еротска проза, на жените веќе не им е непријатно отворено да разговараат со својот партнер за темите од спалната соба. Од исполнување на сопствените фантазии, до враќање на сексуалната услуга, машко-женската комуникација никогаш не функционирала подобро, секако, со обострано задоволство.

Уживање

Сексот за жена во триесеттите повеќе не е докажување, туку уживање. Сега кога има повеќе искуство со машкиот ментален состав, жената полесно формира врски, па и полесно се опушта за време на односот. Колку подолго е парот заедно, толку подобро функционираат во кревет.

Привлечност

Жените во своите дваесетти главно ги заведуваат мажите со својот физички изглед. Но, како што поминува времето, доаѓаат професионалните и лични успеси поради кои стануваат привлечни во нов контекст. Во триесеттите веќе не мора да играат само на картата на телесна привлечност, туку и на развиениот интелект. Самоуверени и похрабри, им се уште поинтересни на мажите.

Долги врски

Во триесеттите, многу жени влегуваат во долгорочни врски, вклучувајќи ги и браковите. Ова истото влијае врз нивната самодоверба, со оглед на тоа што на потсвесно ниво примаат порака дека некој е подготвен да го помине целиот живот со нив.

Извор: Точка.мк

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега