Спремете се за големи промени на Фејсбук

Фејсбук воведува три големи промени во функцијата на насловната страница (News Feed), а промената на алгоритамот ќе придонесе за значаен пад на посети и активност на фан страните.

Повеќе од една година, голем број огласувачи и администратори на фан страни имале огромна корист од големата активност на нивните страници. Сепак од Фејсбук соопштено е дека процесот на воведување на трите големи промени веќе е започнат, а резултатот ќе се манифестира со значаен пад на активноста на фан страните, пренесува Бизнис Лидер.

Ова се трите промени кои се воведуваат:

- Корисниците на Фејсбук ќе можат да видат повеќе од една објава од истиот извор на насловната. Предходниот алгоритам тоа не го дозволувал.

- Ќе се воведе алгоритам кој ќе направи приорет на содржините објавени од вашите пријатели во однос на објави објавени од фан страни.

- Објавите кои вашите пријатели ги коментирале или лајкувале нема да бидат како досега видливи. Ова посебно ќе влијае на активноста на фан страниците.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега