ВИДЕО: Натпревар за бебиња во најсилно врескање и плачење

Околу сто бебиња во Јапонија вчера се натпреваруваа во врескање и плачење.

Натпреварот традиционално се одржува 400 години, бидејќи врескањето и плачењето се смета добро за здравјето.

Во храмот Сенсоџи во Токио, неколкумина сумо борачи имаа задача да предизвикаат врескање и плачење кај бебињата.

Натпрeварот се разликува од регион до регион. Во некои натпревари победник е бебето кое прво врисне и заплаче, а во други е бебето кое најдолго и најсилни вреска.

Обичајот е еден сумо борач да земе бебе во раце и нежно да го тресе се додека не почне да плаче и вреска.

Во Токио победи бебето што најсилно врескаше.

 

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега