X Фактор: Дали ќе се повтори историјата да победи Македонец?

Ако се потсетиме на тоа дека помладата сестра Ковач минатата година уште на самиот почеток на шоуто одлично прогнозираше дека Даниел Кајмакоски ќе победи на Х Фактор, дали треба сериозно да ја сфатиме и постарата сестра и нејзиното тврдење?

- Јас сум убедена дека токму во мојата група е победникот на Х Фактор. Во „Куќата на судиите“, откако ги ислушав беспрекорните изведби на своите кандидати си реков себеси:Ја имам најдобрата група! И стојам зад тоа во потполност. Антонио, Давид, Илија, Милан и Боби се исклучително посветени и концентрирани на вокалната работа и само ги впиваат моите коментари и совети. Тие знаат дека им го посакувам само најдоброто. Кога работам со пејачите, инсистирам на екстремна дисциплина, сериозна подготовка и потполна посветеност. Да се работи со овие момчиња е многу благодарно бидејќи сите се врвни таленти, убаво воспитани и добри момчиња кои се борат за своите сништа – вели Александра.

Бидејќи во нејзината група има дури двајца Македонци, кои се исклучително талентирани, би било очекувано повторно да се вее македонското знаме ва финалната вечер од победничкиот пиедестал.

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега