За сметка од 4.000 денари, оставиле 6.000 денари бакшиш - услугата катастрофа, келнерот презадоволен

Прво го чекавме 20 минути, па за аперитив чекавме уште 40 минути, а предјадењето уште дополнителни 20. Сепак, решивме да му оставиме бакшиш од 100 долари (нешто под 6.000 денари) иако сметката беше 66 долари (околу 3.800 денари бакшиш)
Брачен пар од САД е вистински хит на социјалните мрежи откако ја објавија својата сметка заедно со приказната од нивното вечерно излегување.
Тие велат дека услугата во ресторанот била под секое ниво, но како што напишале, келнерот не бил виновен за тоа.


„Ресторанот имаше 12 маси, а сите ги служеше само еден човек. Не е тој виновен што не може да постигне секаде. Сопственикот на ресторанот требало да вработи повеќе луѓе. Замислете како му е на овој човек. Не поради своја вина, не може да земе бакшиш од никого“ – напишала Мекензи на својот профил на Facebook.

Американските келнери живеат само од бакшиш. Нивните плати се далеку под секоја нормална плата, но затоа, во оваа земја е незамисливо да не оставите бакшиш кога ќе седнете во ресторан.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега