Мирослав Илиќ почна да го уценува својот вонбрачен син

Мирјана Антовиќ за Курир.рс ја продолжува својата исповед, во која прв пат открива детали за својата љубовна врска со Мирослав Илиќ, вели дека пејалот нивниот син Девин го нема видеоно 28 години, барал да се одрече кој го посвоил.

Имено,  Девин го носи презимето на Даниел Антовиќ, поранешниот сопруг на Мирјана. Нејзиниот син на тој услов не се согласил, па се скарал со биолошкиот татко. 

- Веднаш по нашиот одмор во Белград во 2008 година, Девин изрази желба да го види својот татко, како и секое дете кое ќе се најде во таква ситиуација. Му се јави на телефон и првата реченица му беше: „Овде е твојот изгубен син Девин“, а Мирослав му одговори: „Мило ми е што те слушам и драго ми е што си добро. Се договорија да се најдат во Белград. После неколку дена Мирослав го повика и го извести дека се распрашувал преку роднини кои работат во судот и да постои начин нашата ситуација да се реши. На Девин му рече дека мора да се одрече од таткото Даниел. Поради тоа долго време се караа, па Мирослав почна да зборува се и сешто и ме обвинуваше мене. Разговараа уште неколку пати, но нивната комуникација секогаш завршуваше со караница бидејќи Мирослав нон стоп ме спомнуваше мене, раскажува марјана и објаснува како нејзиниот поранешен сопруг му го дал презимето на нејзиниот син.

- Девин растеше, а Мирослав ретко се јавуваше, додека не престана да се јавува. Сфатив дека сум сама и дека наскоро морам синот да го запишам во училиште. Не сакав моето дете да расте под срам. Мојот поранешен сопруг Даниел и јас живеевме во иста зград, а итој Девин многу го засака, кога виде дека Мирослав не е заинтересиран за своето дете, изрази желба да го посвои. Му бев многу благодарна, а чувствував должност па и понатаму го издржував финасиски Девин. Ништо не барав од Мирослав, ја завршува Мирјана својата приказна.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега