APOCALYPTICA во Скопје!

Популарниот фински метал бенд APOCALYPTICA ќе одржи концерт во Скопје, во рамките на големата светска турнеја на која го промовира актуелниот албум „Shadowmaker“.

Oсмиот студиски албум „SHADOWMAKER“ објавен е на 17 Април и содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Franky Perez, кој со бендот настапува во живо на оваа турнеја. Влегувањето на Perez во APOCALYPTICA претставува значаен чекор напред за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук, различен од претходните албуми.

APOCALYPTICA ќе настапи во СРЦ Кале на 17-ти Октомври (сабота). Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 8-ми Јуни (понеделник) преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, цените ќе бидат објавени во недела во 21.00 часот. 

Ова е второ гостување на APOCALYPTICA во Скопје после настапот во 2006 година на Скопско Лизгалиште, кога сеуште не беа толку глобално популарни.

Авалон Продукција исто така е организатор на концертот на APOCALYPTICA и ден претходно во Белград.

Заклучно со концертот на APOCALYPTICA се заокружува концертната сезона на Авалон за 2015 година за Македонија заедно со OneRepublic, Paul Van Dyk, Balasevic и Whitesnake.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега