Од трите подолгото

Мина и таа Пржинска сага. Инаку Цветин има право. Црниче е тоа, а не Пржино. Но, Скопје се преполни со “ептен“ Скопјани во последните 30-40 години, па и населбите и познатите места станаа “Бензиска АМСМ“ наместо “Млин Балкан“, или “СОФКА“ наместо “Гуец“, или “улица Јордан Мијалков“ наместо “Црн пут“… И така.

sdsm-ww

 

Во Црниче Заев и СДСМ загубија се а не добија ништо.

После преспаната ноќ и уште една прослава  што СДСМ традиционално ја прави кога губи во преговори, може да се заклучи дека интелектуалците како професор Узунов се апсолутно свесни за штетат што Заев им ја направи. Потоа, јасно е дека битаката помеѓу соросоидите и сдсмовците во СДСМ се разгоре до ниво на внатрепартиска битка од која едниот дел ќе биде погребан. Крајно, јасно им е дека во Април ќе губат дебело. Прашањето не е каков ќе биде исходот, туку СО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ ВМРО ЌЕ ПОБЕДИ? Со 52-53, што би бил слаб резултат за десничарите? Со 55-56 што би било егал на денешната ситуација, или со 57-58 што би била огромна победа? 57-58 без траверстити како Лиле и Пајо, би бил историска победа за ВМРО.

Па така, после се, редно би било на едно место, едно табло, да ги наведеме барањата што Заев ги имаше и она што го доби. Ова е само врвот од желбите, заканите, ветувањата со кои Заев не гушеше повеќе од една година.

Десетина точки за потсетување. Седнете, запалете Кохиба, наточете Реми Мартен и уживајте.

Или, едноставно мало бокалче ж‘та, патлиџан на 4 расечен со многу кромид и малку сиренце – и уживајте.

Груевски уште еднаш, не знам кој пат веќе по ред, ги надмудри лидерите и стратезите на СДСМ.

 

Миленко Неделковски

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега