Што навистина ни прави ХААРП и колку влијае на климата над Македонија?

High Frequency Active Auroral Reseach Program  (Високофреквентен програм за истражување на аурората) сет на антени кои емитуваат високо фреквентно (ХФ- радио зрачење) Овие антени кои се наоѓаат на крајот на Гакон на Аљаска, служат за истражување на Јоносферата.

Што е Јоносферата и која е нејзината улога?

Јоносферата е слој на Земјината атмосфера од 85 – 600 километри висина. Овој слој се наоѓа над Озонскиот покривач па е сосема логично е што е под силно бомбардирање од UV и X зраци од Сонцето. Поради силното бомбардирање на зраците од Сонцето, неутралните атоми на гасот создаваат избиени електрони создавајќи притоа слободни електрони и позитивно наелектризирани јони.

Кога густината на гасот не е преголема, електроните се движат слободно, па по некое време, повторно се соединѕваат со позитивните јони создавајќи повторно неутрални атоми.

Овој циклус на повторување, неутрални атоми повторно се разградуваат на позитивно и негативно наелектризирање и така се се врти во круг.

Јоносферата има една сјајна особина да поради големиот број на наелектризирани честици (јони и електрони) се одбиваат HF радио зраците повторно кон Земјата.

Ова е многу значајно затоа што тоа е принципот на работа на ХФ радиоот кое го користат на пример радио аматерите. За успешна комуникација меѓу Европа и Северна Америка потребно е да Јоносферата ги одбие HF радио брановите, од Земјата, па повторно назад кон Јоносферата најмалку пет пати. Но, таканаречените геомагнетни бури, и Сончеви зраци ( период на интезивно бомбардирање на Земјените зраци од Сонцето) Јоносферата трпи извесни промени кои можат да бидат такви да радио комуникациите бидат целосно оневозможени. Токму истражувањето и контролата на Јоносферата во центарот на истражување на ХААРП проектот, е со цел создавање квалитетна комуникација на радио брановите.
Како и каде се формираат циклоните?

Времето се формира во Тропосферата а зависи од големиот број на параметри пред се разликата во притисокот, температурата, и влажноста на воздухот. Тропосферата претставува најнискиот слој на атмосферата на висина од 0 до 12 километри.

Тропосферата е составена пред се од водена пара и аеросол.

Кога во Тропосферата ќе се појават области на низок воздушен притисок (ова е логично објаснување) може да дојде до вртечко струење на воздухот, од горе кон средината, со тенденција да нееднаквиот притисок се изедначи. Вака настануваат циклоните (каков што беше циклонот Тамара кој предизвика пустош во Србија и БиХ).

Циклоните обично се пропратени со силни ветрови и огромно количество на дожд.

Може ли ХААРП да формира циклон а со самото тоа и креира катаклизматични поплави какво што изманатите неколку години бевме сведоци?

На ова прашање одговорете сами! Размислете добро може ли системот на радио антени, дизајниран да влијае на областа на Земјината атмосфера од 85-600 километри да влијае на појавите од 0 до 12 километри? Може ли радио емитерот каков што е воки токито, да гисмеша водата, воздухот, и дезодорансот (аеросол) што поприлично го отсликува составот на Тропосферата?

За крај одговорот на прашањето: Може ли ХААРП системот да има примена во воената индустрија? Секако дека може, да ги подобри сопствените комуникациски системи, како и методи кои им оневозможува комуникација меѓу третата страна и да создаде голема предност на теренот. ХААРП е финансиран од Американските воздухопловни сили, Американската морнарица, и Одбранбената агенција за напреден истражувачки проект, а таков проект секогаш има таенкарактер поврзан со военото истражување (пред се во случајот со ХААРП а се работи за комуникација меѓу подморниците на големи длабочини)

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега