ФОТО: Ноле го направи „лом“ Мареј - не во тенис

Новак Ѓоковиќ се опушти со пријателите во Монтреал играјќи кошарка.

Најдобриот тенисер на светот играл заедно со Ненад Зимоњиќ, против Јанко Типсаревиќ и Енди Мареј.

Во жестокиот натпревар Ноле и Ненад ги совладаа Јанко и Енди, а тој момент го овековечи најдобриот тенисер на Facebook.

„Енди и Јанко се надеваа дека оваа топка нема да влезе во кошот. Жално за нив, Зимо и јас сме неприкосновени шампиони во оваа игра“, напиша Ѓоковиќ на Facebook.

Инаку тенисерите се во исчекување на дуелот во осмина финалето на „Роџерс купот“.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега