Зошто шоуто е толку популарно? Што се крие зад окото „Големиот брат“

Британските психолози тврдат дека натпреварувачите во Големиот Брат поминуваат низ четири фази на психолошки експеримент.

Големиот Брат е една од најгледаните емисии на просторот на поранешна Југославија.

Режисерот на првата сезона од хрватската верзија на шоуто Марио Ковач, напиша книга „Големиот Брат: 100 дена пред екранот“, во која ја анализира психологијата на натпреварувачите, но и на гледачите, пишува српски Курир.

Еве кои се четирите фази на психолошки експеримет:

1. Првата фаза се вика формирање, бидејќи тогаш натпреварувачите се запознаваат и се обидуваат да го пронајдат својот сојузник во куќата и местото во хиерархијата. Таа трае првите недела дена.

2. Во втората фаза станарите жестоко се наметнуваат и се борат за положба. Многу лесно тука се доаѓа до расправии поради емоциите. Но во привите недели натпреварувачите се зближуваат поради страв од исфрлање од куќата, а тука почнува да се меша нетрпеливоста и приврзаноста, што влијае на нивната психичка состојба.

3. Во третата фаза односите се стабилизираат. Се познаваат доволно добро и задачите ги извршуваат опуштено бидејќи знаат кој колку е способен.

4. Последната фаза се нарекува „глумење“ бидејќи никој не може да одигра до крај бидејќи ретко кој кандидат не ја вади маската до крајот на шоуто. Пред крајот сите се свесни за себе и конкуренцијата, па тешко им е да глумат.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега