Помина времето на селфи - стаповите: Пристигнува селфи - дрон

Швајцарската компанија „Perspective Robotics“ со својата најава несомнено ќе израдува многумина љубители на селфи-фотографиите.

Имено, оваа компанија со седиште во Цирих планира да почне проект кој ќе направи револуција во познатите „егопортреги“: FotoKite Phi, пластичен дрон со четири елиси и камера.

Главната разлика на овој производ во споредба со останатите производи кои досега ги има на пазарот е во неговото користење. Тој нема команди од далечина, ниту навигации од смртфоон-дронот е поврзан со каиш на повлекување во должина од околу осум метри. 

FotoKite тежи само 300 грама лесен е за носење и пренесување, а единствена мана му е што има ограничена автономија од најмногу 15 минути. Засега е сеуште во фаза на проекто, но дронот за селфи веќе доби дозвола за примена на јавни места во Швајцарија и Франција, а се очекува дека наскоро ќе добие и во САД.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега