Маја Вукичевиќ победи на „Охрид фест“

Нашата позната поп пејачка Маја Вукиќевиќ е победничка на овогодинешниот фестивал „Охрид фест“ познат уште и како „Охридски трубадури“.

Маја вчера настапи на поп вечерта во придружба на двајца тенори и еден баритон познати под името „Gentlemen“, кои блеснаа на сцената на Долни сарај со композицијата „Сонувач“, авторско дело на поетесата Ксенија Николова и маестро Љупчо Николовски, при што ја освоија првата награда од стручното жири.

Маја Вукичевиќ беше облечена во креација на Мила Кадриу и стајлингот на Даниел Николовски.

Фестивалот продолжува и вечерва со Интернационалната вечер.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега