Задгробна социјална мрежа? До каде стигна технологијата...

Социјалната мержа „Eter9“ ветува дека ќе продолжи да испраќа пораки и постови во име на корисникот, откако ќе почини.

Од таму објаснуваат дека ќе научат се што треба за карактерот на сопственикот на профилот преку фотографиите, линковите и коментарите, па неговиот профил ќе продолжи да работи и по смртта.

Страницата користи облик на вештачка интелигенција за да се направат виртуелни лица кои ќе можат да остварат контакт со други корисници. Секој корисник ќе има „дигитален дупликат“ кој ќе се развива врз основа на постовите на корисникот.

Страницата сеуште се формира, а според нив веќе имаат 5000 заинтересирани луѓе.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега