Младост лудост - вака се лажеме себе си во 20-тите години

Во дваесетите години од животот созреваме, се менуваме и го зборуваме она во кое не вреуваме. Најверојатно поради тоа е најзабавен тој период од животот. 

Еве како себе си се лажеме во дваесетите години: 

1. Можам јас  се да поднесам 

- на 18. години сте можеле да испиете вотка со пиво, а потоа и некоја текила и да не паднете во несвест, туку да играте како Бијонсе. Но на 25 години сето тоа ако го направите само ќе добието големи главоболки, но сепак вие зборувате дека можете се. 

2. Тие се шалат кога ме прашуваат за момче/девојка

- Ах, се тоа ќе помине. На секоја свадба доаѓате во ситуација да ве прашаат блиските „Кога ќе си најдеш момче/девојка за да го изговориш судбоностто „ДА“. Во дваесетите години се лажете себе си дека тоа е само една нивна шала, но потоа сфаќате дека тие сепак се загрижени да не останете сами.

3. Ќе почнам да штедам

- Тоа ви е исто како „од понеделник сум на диета“ ( а тој понеделник никако да дојде). Во тој период сонувате за патување по светот и секогаш си ветувате себе дека ќе почнете да штедите за тоа, иако знаете дека од тоа нема да биде ништо - секогаш вас парите ќе ги потрошите на храна, сметки, проводи, алкохол...

4. Ќе идеме на еден пијалок

-И ќе отидете на едно пиво, но потоа некој ќе предложи да одите на друго место за да се најдете со друг пријател и за на крај да завршите во некој ноќен клуб. Ах таа младост...

5. Ќе почнам да готвам

- Упорно си ветувате на себе дека ќе почнете да штедите пари, а и здравје... Но никако на крајот не стигнуваате да зготвите нешто бидејќи најчесто јадете надвор.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега