ВИДЕО: Дакота Џонсон откри детали за филмот „Педесет нијанси потемно“

Премиерата на второто продолжение на филмската сага „Педесет нијанси сива“, насловена исто како и второто продолжение од романот, „Педесет нијанси потемно“ е закажана за февруари 2017-та година.

Уште во мај годинава на интернет се појави трејлерот за продолжението на оваа еротска драма.

Актерката Дакота Џонсон, која ја толкува главната улога во филмот работен според истоимениот роман на Е.Л.Џејмс, деновиве престојува во Венеција каде учествува на Венецискиот филмски фестивал. Таа откри уште некои детали поврзани со филмот што минатата година предизвика низа реакции.

Таа најави дека филмското продолжение ќе го режира Џејмс Фоли, откако режисерката Сем Тејлор –Џонсон која го режираше првиот дел од трилогијата, се откажа од екранизацијата поради несогласувања со авторката на романот.

Младата актерка откри дека била уплашена поради соработката со новиот режисер затоа што со претходната режисерка имала одлична соработка, но сега е доста возбудена и со нетрпение го очекува снимањето на вториот дел.

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега