Порно вирус се шири на Facebook - еве што да направите ако го закачивте

Порно вирус се шири на Фејсбук.

Ако случајно добиете линк од пријатели или од некој непознат профил, никако не го отворајте! Најчесто е тоа видео кое нема никаква врска со вас и само ве привлекува да го кликнете. Откако ќе се случи тоам потоа вие влегувате во мрежата и автоматски го споделувате со вашите пријатели, при тоа означувајќи (тагирајќи) ги 40тина од нив.

Доколку сепак не можевте да и оддолеете на љубопитноста, и кликнавте на линкот, па сега го споделувате тагирајќи ги вашите пријатели, еве што треба да направите.

Доколку користите Chrome  кликнете ctrl+shift+delete и ќе ви се појави прозорче за бришење на историјата.

Кликнете ги полињата кои се селектирани на сликата и одете на Clear browsing data.

На тој начин ќе го избришете секој траг кој овој вирус го оставил во Вашиот компјутер.

Потоа, ви останува да им се извините на пријателите и секако да го споделите овој линк, за и другите кои имаат идентичен проблем да го решат а вирусот да не се шири.

 
 
26.10.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега