Бришете ги овие апликации веднаш -со нив ви го прислушкуваат мобилниот

Истражителот Брајан Хил, кој е специјализиран за дигитална форензика, откри дека било кој многу лесно може да прислушкува друга личност со помош на две апликации – mSpy и FlexiSpy. Овие апликации овозможуваат пристап до личните податоци на мобилниот телефон, а да неговиот корисник за тоа да не биде ни свесен.

Една жена тврди дека тоа и се случило, па го пријавила својот поранешен сопруг дека во тајност на нејзиниот мобилен инсталирал апликација со чија помош може да ја прати.

„Никогаш не знам дали тој ги гледа пораките кои ги испраќам преку телефонот, или ги прислушкува моите телефонски разговори“, истакна оваа жена за време на пријавувањето на поранешниот сопруг.

Овие две апликации се симнуваат од официјалните страници на произведувачи и не постои Андроид и Апел маркет. Чинат околу осум долари месечно, а често се користат за надгледување на децата и вработените.

Лицата кои сакаат да некого шпиунираат доволно е да го искористат моментот на невнимание на сопственикот на мобилниот за да инсталираат една од овие апликации кои ќе овозможат увид во активноста на телефонот како и движењето на таа личност.

FlexiSpy е „користен“ за прислушкување на телефонските разговори, но потребно е време за негово инсталирање. И двете компании напоменуваат дека корисниците на апликациите, најпрво поради законот, би требало да користат надоградба само на телефоните чии сопственици на пример поради „заштита“ на своите деца, но јасно е дека многу корисници, но јасно е дека многу корисници ја злоупотребуваат „предноста“ на овие апликации, применувајќи ги на пример на „потенцијалните неверни“ партнери.

Експертите советуваат да секогаш внимавате на вашиот мобилен со вас, или да наместите шифра за отклучување.

 

 
 
07.11.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега